АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 18.03.2024 г. ќе има измена на режимот на сообраќај на државнот пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.