23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Во Пендаровски ги препознаваме стратешките определби коишто ги имаме како партија

„Во претседателот Стево Пендаровски ние ги препознаваме истите стратешки определби коишто ги имаме како партија. Членството во НАТО е една, членството во ЕУ е вториот сегмент. Токму затоа членови на СДСМ и граѓани коишто не се партиски определени одлучија да се потпишат за негов втор мандат. Во него гледаме се она како што сакаме да ни биде во иднината или во наредните пет години“; изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисија на Тера телевизија.
Во однос на изборна единица 5 и она што се случува во ВМРО-ДПМНЕ, Костадиновска рече дека за нив не знае, дека тие треба да одговорат на ова прашање, но кажа нејзино видување за она што се случува во изборна единица 5.

„Во однос на двегодишно владеење на градоначалници што се дел од петта единица, дали тоа е состојбата во Општина Охрид каде што градоначалникот што го прати извештајот до националната комисија за УНЕСКО, до тимот кој што го работеше извештајот за напредокот на УНЕСКО кажа дека отстранил 3 метални огради во однос на отстранување на дивоградби. И на еден објект којшто се сметал за дивоградба. Во општина Битола, интересите на граѓаните се ставени на последно место затоа што не можат да ги усогласат ставовите околу поголеми прашања“ потенцираше Костадиновска-Стојчевска.