Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Пендаровски покажа дека со својата умереност и начин на водење на државата е претседател за сите

„Претседателот Пендаровски покажа дека со својата умереност, начин на водење на државата и носење на одлуки кои не секогаш биле на иста линија со партијата што му дала поддршка, докажа дека е претседател за сите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Актуел“ на Тера.

Таа додаде дека Пендаровски има волја и визија да ја води држаата напред и со своите одлуки покажа дека има човечка реторика која ја разбираат сите.

„Сака да ја види државата како членка на ЕУ, бидејќи тоа е единствениот пат што ќе ни донесе напредок“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека за разлика од Пендаровски, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не покажа отстапка од партиската реторика или дека е натпартиски кандидат.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.