23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Јас облеков скафандер за да гласам за антикризни мерки за граѓаните, а некој за да ја дестабилизира државата

„Не многу после мене, двајца мои колеги од тогашниот состав облекоа скафандери и некој ги држеше како заложници осум часа додека се обидуваа да се пребројат за тоа дали ќе ја турнат владата или не. Знаеме што значи кога ќе се изгласа недоверба на Влада – влез во политичка криза. Додека јас облеков скафандер за да гласам за шестиот пакет мерки, некој облече скафандар за да ја дестабилизира состојбата во државата“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Актуел“ на Тера запрашана дали повторно би влегла во Собранието со скафандер.

Таа додаде дека за неа е несфатливо како пратеници кои примаат плата од граѓаните се дрзнуваат да не влегуваат во салата и да не гласаат закон за граѓаните.

„Јас бев пратеничка, бремена, во поодмината бременост и не можев да разберам зошто се потпишуваат и враќаат во своите канцеларии. Затоа кога ќе ме прашаат дали повторно ќе облечам скафандер за да гласам одлуки за граѓаните, мојот одговор е да“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министеката додаде дека кога таа влегла со скафандер во Собранието, опозициските пратеници креирале паника, а кога тие влегле со скафандери станало јасно дека паниката не постоела, туку била политички циркус.