13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Силјановска е лице на ДПМНЕ, навредува пензионери дека се Мапет шоу

-Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу, соопшти СДСМ.

„Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или претендент за претседател на државата.

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов, за уште една деценија да се изгуби на патот кон Брисел.

Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија.

Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +