21.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неколку сообраќајки со мотоцикли и четирицикли низ Македонија, има повредени – претежно млади

На 17.03.2024 во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско. По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 17.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 05.30 часот на ул„АСНОМ“ во с.Чешиново, мотоцикл „хамачи“ без регистерски таблици, управуван од Н.А.(20) од с.Соколарци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 17.03.2024 во 18.05 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека на место викано „Елата“ во атар на Пехчево, Д.Ц.(31) од Пехчево, управувајќи мотоцикл, паднал на патот. Во несреќата, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид.