13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето се менува, повторно доаѓа снег! Метеоцентар со детална прогноза за неделава

Во вторник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 19.03.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Прогноза за 20.03.2024
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 21.03.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +