„Успешно го завршив средното во САД и го зедов тестот за запишување на универзитет. Таму нема матура, туку се полага еден сериозен тест за упис на факултет и врз основа на успехот може да добиете стипендија. Тогаш јас имав избор, по завршувањето во 1993 година да изберам каде сакам да живеам, но имав желба да се вратам дома“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во поткастот на Сител.
Тој додаде дека дел од неговите пријатели останале во САД и ден денес се таму, како и негов братучед, кој има успешен живот во Њујорк.
„Јас решив да се вратам доам, затоа што видов како треба да изгледа една држава. И јас всушност цело време на ум имав како тој американски сон да профункционира во Македонија“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека имал прилика да живее и работи и во Германија и Австрија, но секогаш ја бирал Македонија.
„Кога ќе ја видите климата во Бон или во Минеаполис и кога ќе ја споредите со нашата, тоа е неспоредливо во наша корист“ рече Ковачевски и додаде дека се вратил со таква идеја и верба дека можеме да бидеме подобри од нив.