9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана и се заканувала дека ќе ја запали

Вчера, во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ.

Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот, соопшти МВР.

К.И. е приведена во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

ДЕСК

Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата

ДЕСК

Димитриев: Време е за промени – време е за нова ера во Аеродром!

ДЕСК