19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Албанската опозиција водеше кампања по налог на Мицкоски и Левица

Соопштение на ДУИ:

Секој ден се повеќе се докажува дека албанската опозиција е во континуирана координација со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со онаа на Левица, Димитар Апасиев.

Неодамнешните повици на Мицкоски до албанската опозиција да не се занимава со „албанските националистички барања“, покажува дека Мицкоски, Апасиеви и албанската опозиција веќе ја заокружиле соработката и свесно се построиле ПРОТИВ Европа и ЗА Русија.

Тоа го докажуваат и неодамнешните координирани напади врз Бујар Османи, чии центар е Белград и Москва.

Демократската унија за интеграција оценува дека, како и досега, напорите на Москва за поттикнување омраза кон Албанците и нашите меѓународни пријатели ќе пропаднат бидејќи јасните европски политики на Владата се патот што го посакуваат самите граѓани на земјата, додека координираните напади на опозицијата ќе бидат уништени кога на 24 април Бујар Османи ќе се натпреварува во вториот изборен круг, со што ќе биде избран за прв албански претседател.

Инаку, Мицкоски во интервју за Клан ТВ отворено и нареди на коалицијата составена од деривати на ДУИ во опозицијата, како што рече, да не води кампања за албанските националисти бидејќи ќе падне во стапицата на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +