14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Измените на Законот за игрите на среќа не поминаа во Собранието, АСОМ ја поздрави одлуката на пратениците

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) ја поздрави одлуката на пратениците да не го поддржат Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во трето читање на вчерашната седница на Собранието.

„Нашите апели да не се поддржи спорниот и неевропски Закон за игрите на среќа конечно беа препознаени и од пратениците. По Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, кој не го потпиша указот за прогласување на Законот, како и Делегацијата на Европската Унија во земјава кои предупредија дека се злоупотребува европското знаменце, вчера и пратениците докажаа дека треба да се спротивстават на процедуралните неправилности со кои се туркаше носењето на овој закон“, велат од АСОМ.

Во прилог тврдат дека нивната дејност не поттикнува млади да играат игри на среќа, туку постојано работат на нивна заштита. Истовремено, како општествено одговорни компании, годишно вложуваат десетици илјади евра за спроведување на кампањи за едукација на играчите, а воедно 100 отсто ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со дејноста, плаќаат даноци и со тоа постојано ги зголемуваат буџетските приливи.

Во Собранието, измените на законот ги поддржала 55 пратеници, а за изгласување беше потребно апсолутно мнозинство од 61 пратеник.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +