Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе законот за конфискуван имот

Собранието го донесе законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Од Министерството за правда информираа дека целта е да се овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.

„Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и пред судовите“, велат од Министерството.

Со новото законско решение, како што се додава, се надминуваат утврдените проблеми преку воведување нови механизми во согласност со европските и меѓународните стандарди за постапување со оваа материја.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК