25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ прави „бел штрајк“ со нивниот паралелен систем во институциите

„Година дена откако политичка партија најавуваше и сакаше да има предвремени избори, ние имаме и се соочуваме со т.н. бел штрајк во кој институциите не функционираат целосно, затоа што некој внатре опструира“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Вицепремиерот додаде дека паралелниот систем на ВМРО-ДПМНЕ е толку јак, во и надвор од институциите, бидејќи знаат како да ги држат нивните луѓе во системот.

„Година и пол точките кои доаѓаа на разгледување во Комисијата за економски систем и тековна економска политика беа толку малку, што дури беа и стари точки. Некој ги држи намерно некаде во системот“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека потребни се сериозни реформи во јавната администрација за растурање на овој паралелен систем, кои не беа можни во време на ковид криза и во време на економска криза.

„Ние како СДСМ не функционираме на паралелен систем. Ние сме тука да градиме држава и институции, а тие што граделе паралелен систем веројатно нема да им дозволиме да се вратат за да го стават во функција. Тие може да прават опструкции од секаков вид, но граѓаните нема да дозволат да имаме паралелни системи на владеење“ рече Битиќи.