15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Го потпишавме договорот за имплементација на проектот за паметен Аеродром, проект вреден 9 милиони евра

Огромно е задоволството денес да го потпишеме договорот со кој што го официјализираме почетокот на јавно-приватното партнерство помеѓу општина Аеродром и корперацијата „Crescent NV“ со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром, вели Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

„Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која што ќе ја прави корперацијата „Crescent NV“ во општина Аеродром, на почетокот е некаде околу 9 милиони евра. Се работи за реномирана меѓународна компанија која што котира на Бриселската берза, но уште повеќе не радува што во имплементацијата на нивниот проект тие инкорпорираат и домашни, македонски компании, меѓу кои што ги вбројуваме А1 и Ассеко. Се работи за дигитални решенија насочени кон паметно осветлување, паметна мобилност, воспоставување на бесплатни интернет зони на територија на општина Аеродром, така да ќе има многу решенија кои што граѓаните ќе ги сведочат во следниот период, а кој што понатаму ќе се прошируваат и надградуваат согласно технолошкиот развој кој што се шири во глобалниот свет“, рече Муцунски и додаде:

„За нас е ова еден значаен исчекор, исчекор кој што во следните 6 месеци отприлика ќе ја направи Аеродром првата паметна општина поширока класификација на територија на цела Република Македонија и се радуваме што реализираме уште едно ветување дадено во последната кампања за локалните избори“