Интегрално обраќање на претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи:
Добриот ден се познава од утрото! Добре дојде за сите вас, од Липково и Струга, Куманово и Кичево, Битола, Чашка, Велес, Охрид, Гостивар, Тетово и Скопје!
Почесниот водач на големите национални каузи, пример за храброст и гордост, инспиратор на заеднички визии – г. Али Ахмети.
Почитувани верни сонародници на најголемата албанска политичка организација во земјава – членови и симпатизери на Демократската унија за интеграција…
Почитувани браќа и сестри…
Сите заедно бевме сведоци во 2009 година, кога претседателот Ахмети, во универзалната сала во Скопје, ја најави платформата од 12 клучни позиции во државата, чие таргетирање од страна на Албанците ќе означи ново големо ниво на нашиот придонес во формирањето на државата, зачувувајќи го продлабочувањето на нејзината евроатлантска ориентација и инсталирајќи целосна етничка и политичка еднаквост.
Денес сум тука пред вас, исполнет со длабоко чувство на одговорност и посветеност, следејќи го неговото далекувидно уверување дека ниту една политичка функција во оваа земја не е невозможна за нас Албанците! =
Денеска одлучуваме да направиме уште еден голем исчекор на патот на историските достигнувања на албанскиот народ во Северна Македонија!
По претседател на парламентот Албанец, по премиер Албанец, тука сум пред вас заедно да го започнеме патувањето со гордост и доверба кон највисоката политичка функција во државата – Претседател на Републиката!
Ова ќе биде најголемата победа на нашиот народ, но исто толку голема победа и за другите народи, со кои нè поврзува соживотот во нашата Република.
Дозволете ми, ве молам, драги сестри и браќа, да изразам благодарност од се срце на вас овде, оние надвор од оваа сала и на илјадниците и илјадници други кои денес физички не се тука, но кои со својата доверба ми даваат огромни можности како личност и како лекар да служам за општото добро.
Преку министерските мандати во три клучни области за владата и државата се чувствував привилегиран, но и должен да направам се што е во моја моќ за да ја задржам високо вашата доверба. Затоа од се срце ви благодарам за довербата! =
Семејното образование како син, татко и сопруг беа првиот извор на мојата инспирација бестрашно да се соочам со товарот на работата. Верувам дека успеав доволно за да дојдам пред вас денес со крената чело.
Се соочив со најтешките предизвици во добри и лоши времиња, поради што се стекнав и со големо искуство, кое ми дава целосна доверба дека заедно можеме и многу повеќе да успееме.
Борбата за демократија, за еднаквост и за европски вредности е борба за нашата иднина и не е завршена. Денеска пред вас го давам мојот чесен збор дека мојата посветеност на овие вредности е, и ќе биде бескрајна. Нашиот народ, нашите деца ја заслужуваат европската иднина. Им должиме да им ја изградиме. И ние ќе ја изградиме.
Сестри и браќа,
За време на мандатот како вицепремиер за европски прашања и актуелниот како министер за надворешни работи, особено како претседавач со ОБСЕ, имав привилегија да ја претставувам нашата Република на светската сцена и да работам со меѓународната дипломатија за глобален мир, уште еднаш подигајќи ги нашите државни интереси. =
Јасен сум за новите перспективи каде што мора да се фокусираме за да ги отстраниме бариерите кои сè уште не држат надвор од широкиот пат на напредок и развој што го нуди 21-от век.
Како активен член на албанскиот народ и како посветен граѓанин на Република Северна Македонија, имам богато искуство, силна волја и нова визија да го подигнам угледот на нашата држава повисоко, преку воспоставување соодветни партнерства и додавање пријатели, со кои не обединуваат нашите вредности на меѓународната сцена, за заедно да го направиме патот за градење на иднината на нашите граѓани без да правиме разлика.
Отсекогаш сум бил убеден во моќта на дијалогот и соработката за надминување на бариерите и промовирањето на меѓусебното разбирање меѓу народите. Оваа моќ веќе ја видов и директно ја осетив во начинот на кој дејствуваа нашите големи сојузници на докажаните демократии. Имам чест и задоволство да потврдам дека ја стекнав довербата и пријателството на овие сојузници. Ова искуство е моето највредно богатство, кое ќе го дадам како иден претседател.
Како доктор, бев сведок на издржливоста, но и на тагата на нашиот народ пред еден прилично комплициран и бавен систем. Сведок сум на радостите и тагите на нашите сограѓани. Така станав свесен за потребата од подобро организиран и управуван политички систем, со цел да се донесе длабока промена во животот на граѓаните и нивните семејства. =
Искуствата како лекар длабоко вградија сочувство и емпатија во мојот карактер. Цврсто верувам дека на претседателот на државата му се потребни овие квалитети, да дејствува не само со својот ум, туку и со своето срце кога е во прашање секој наш сограѓанин за да ја има потребната поддршка од државата и општеството за подобар живот. .
Сакаме да ги задржиме нашите синови и ќерки овде, во нашата татковина. Голем број наши сограѓани заминуваат во потрага по подобри можности надвор од државата, значително осиромашувајќи го економскиот и интелектуалниот потенцијал на нашата земја. Нашата главна задача денес е да им ја обезбедиме оваа иднина овде, во нивната татковина. Тоа значи борба за владеење на правото, за моќни институции, грижа за здравјето на луѓето, грижа за животната средина, нужно значи и добар образовен систем.
Предизвиците се големи, несомнено, но можностите се исто така големи, доволно е да се извадат способни луѓе кои знаат како да не водат за што поскоро нашата земја да стане дел од европското семејство. Секој, без разлика на вера или националност, треба да се чувствува сигурен дека ќе го добие она што го заслужува. Ова е еднаквост во слободно општество, за кое неуморно ќе се борам со моето знаење, искуство и силна волја како иден претседател на државата.
Драги сестри и браќа!
За да го промениме трендот на напуштање на нашиот заеднички дом, мора да создадеме средина која промовира иновации, претприемништво и економски раст. Мора да инвестираме во програми за образование и професионална обука, да ја вооружиме нашата младина со нови знаења и вештини, во согласност со потребите на развојот на 21 век.
Затоа, овде предупредувам дека ќе промовирам Економски рамковен договор кој ќе ги опфати токму овие области за кои штотуку зборував.
Јас ќе бидам човек на политики кои даваат приоритет на одржливоста, промовирајќи еколошки практики и одговорна влада. Ви докажав дека си го одржувам зборот. Сега ја барам можноста тоа да го докажам пред сите македонски граѓани.
Како горд татко на три деца, свесен сум за напорната работа вклучена во обликувањето на иднината на нашиот народ. Како и сите родители, и јас сонувам за Македонија во која нашите деца растат и напредуваат слободни за да ги остварат своите соништа и аспирации, наследувајќи од нас мир и неограничени можности за просперитет и еднаквост. =
Токму оваа визија за поведро утре ја храни мојата страст за јавна служба и ме инспирира да работам неуморно.
Нашата иднина е само во Европската Унија и тоа мора да им го обезбедиме на нашите граѓани.
Но, патот не е лесен. Иднината на нашата држава е загрозена и однадвор. Русија не е наш пријател. Еден од главните руски стратешки интереси е Балканот да остане надвор од ЕУ и НАТО. Но, ние нашиот пат го имаме одбрано одамна! Ние сме многу јасни: за нас Сонцето изгрева на Запад.
САД – ЕУ – НАТО…
Мораме почесто да ги повторуваме овие зборови, бидејќи некои од нас забораваат кои ни се пријатели, а кои ни се непријатели. Овде сме да ги потсетиме сите со дела дека нашата определба е една и неповратна:
САД – ЕУ – НАТО…. Ни Русија, ни Кина, ни Белорусија. =
Само оваа света кауза ме натера да ја претставам мојата кандидатура за претседател на Републиката. Останувам длабоко убеден дека заедно, во обединета Македонија, имаме сила и моќ да ги задржиме нашите стратешки определби и да изградиме иднина која е дефинирана со надеж, напредок и инклузивност.
На овие избори ќе ја запечатиме оваа дефиниција, велејќи НЕ за РУСИЈА, ДА за ЕВРОПА.
ДА за нашиот сојуз со НАТО!
ДА за нашиот стратешки партнер – САД!
ДА за нашата интеграција во Европската Унија!
Уште еднаш!!!
ДА за нашиот сојуз со НАТО!
ДА за нашиот стратешки партнер – САД!
ДА за нашата интеграција во Европската Унија! =
Драги пријатели!
Дозволете ми да кажам два-три збора за изборот на претседател на државата од страна на Собранието: Овој збор не е дел од предизборниот фолклор. Тоа е барање на Демократската унија за интеграција и на господинот Ахмети од 2009 година и се совпаѓа со заложбите на ДУИ за меѓуетничка рамноправност, против ексклузивноста на кој било народ за одредена политичка функција. Докажавме дека сме подготвени да го постигнеме тоа.
Но, сега влегувам во оваа трка со овој изборен модел, со надеж дека ќе ги убедам гласачите дека јас сум најсоодветен за оваа задача. Моето политичко и дипломатско искуство, како и искуството во водењето на ОБСЕ во можеби најтешкиот период од неговото постоење, го зајакнува моето верување дека сум подготвен за висината на мисијата што ја барам. Европа и светот минуваат низ сериозна безбедносна криза. Светот со неколку крвави воени жаришта е покомплексен од кога било. Нашиот брод бара обучен капетан. Верувам дека сум вистинската личност за оваа позиција. =
Би сакал да бидам инспирација и за идните генерации Албанци, за да видат во мене пример за успех во служба на државата. Би сакал да бидам пример за успех за идните генерации на другите народи, кои во мојата заложба би ја пронашле реалноста на состојбата на еднакви можности и меритократија, без поделба меѓу привилегирани и граѓани од втор ред. Успеваме да изградиме општество на еднакви нации и еднакви луѓе.
Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката. Претседател кој ќе обединува, но и претседател кој ќе се грижи за институциите и почитувањето на уставниот поредок.
Знам, не можам да го сторам ова сам. Понизно ја барам вашата поддршка, доверба и глас на претстојните избори. Заедно, да го започнеме ова патување кон посветла иднина за нашата Македонија – иднина изградена врз вредностите и принципите на демократијата, правда и еднаквос за сите.
Добриот херој е со многу пријатели!- вели народот.
Благодарам и со успех нека ни е!