24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Граѓаните треба да гласаат со стари документи без разлика на рокот во кој застареле

Треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок, изјави техничкиот премиер Талат Џафери кој смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на докумените за време на изборите.

„Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи со огледа на одредбите кои ги регулира и санкционира самиот закон. Во него е предвидено сите граѓани кои имаат документи со истечен рок во траење од девет месеци до денот на изборите ќе можат да гласаат. Оние кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно“, рече Џафери.

Како пто додаде, оние со документи со истечен рок од девет месеци ќе гласаат на 24 април, но што ќе се случува на 8 мај.

Сакајќи да направиме исклучок, вели Џафери, правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните.