ФБ Статус на Оливер Спасовски:
Со посебна почит упатувам честитки по повод Меѓународниот Ден на жената – 8 Март.
Цел век овој ден се прославува ширум светот, потсетувајќи на постигнувањата на жените од социјалнен, економски, културен и политички аспект. Иако има видлив напредок во последните децении, светот сè уште не постигна ефективна рамноправност помеѓу половите.
Постигнувањето на еднаквоста бара постојаност и упорност од сите нас. Веќе не дискутираме за волја! Само со еманципирани и економски силни жени ќе продолжиме да го зајакнуваме општеството и да го движиме напред.
Повикувам на акција – колективна одговорност и заедничка заложба на еднакви граѓанки и граѓани по сите основи!
Честит 8 Март – за родово еднакво општество!