27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Притвор по грабежот на обложувачница во Битола: влегол маскиран со нож и украл 65.000 денари

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож се заканил на вработената, барајќи и да му ги даде парите. Вработената исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во внатрешноста на пултот за наплата, од фиоката одзел 65.000 денари и избегал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.