Поделбата на партиите во земјава е на оние кои се за ЕУ од една страна и ДПМНЕ и Левица кои се од сруга страна, односно се против. ДПМНЕ имаше многу пати можност да покаже на дело дали е за ЕУ или не. Направија се од себе да не влеземе во НАТО, дадоа се од себе да не се усвојат уставните измени за францускиот предлог. Така што кој е на зборови а кој на дела покажува праксата и мислам дека Мицкоски нема да биде во позиција по резултатите од првиот круг да уценува кого било, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, во емисијата 360 на МТВ.
Маричиќ нагласи дека за СДСМ е важно да има јасна дистинкција од партиите кои се ЗА и кој за што е, за да да имаме јасна слика по изборите.
-Знаеме дека СДСМ повторно ќе биде столбот на наредната влада. Секоја партија има право да се постави на еден или друг начин, но и да се носи со последиците од тоа. СДСМ јасно ги дефинира своите принципиелни позиции и не се плаши од ниту една друга политичка партија. Стравот треба да ни биде од неизвесната иднина, која би ја носело евентуалното доаѓање на ДПМНЕ и Левица на власт, истакна Маричиќ.
Маричиќ како дел од клучните точки во предизборната програма на СДСМ ги наведе битката за зголемување на животниот стандард, повисоки плати, барем 1000 евра плата до 2028, завршување на преговорите со ЕУ до 2028 и членство во 2030, вложувања во инфраструктура, животна средина и земјоделство, неминовна борба против корупцијата.
Шарена лага на ДПМНЕ е дека можеме бескрајно да преговараме со Бугарија и да очекуваме подобри услови за нешто што веќе го имаме на маса – заштитен македонски јазик и идентитет. Ако не преземаме ништо, ако не се трудиме, не работиме тогаш сигурно нема да бидеме членка на ЕУ до 2030. Ако ДПМНЕ смета дека неправењето ништо е стратегија, дека чекањето е стратегија и тоа го нуди на граѓаните како спас, мислам дека изборот е многу лесен, граѓаните се за членство во ЕУ, рече Маричиќ.
-Ние нудиме да ги забрзаме прговорите, веќе ни се отворени, го имаме планот за раст, да ја отклониме пречката за продолжување на преговорите со ЕУ и да дадеме се од себе. Јас ве уверувам дека на почетокот на наредната декада, ќе има нови членки на ЕУ. Прашањето е дали ние ќе бидеме меѓу нив, рече Маричиќ, додавајќи дека членството во ЕУ е достижна цел и за НАТО никој не веруваше, а веќе 4 години сме членка.
Маричиќ нагласи дека борбата на ДПМНЕ е да се влезе назад во црната дупка на Груевски, Мицкоски и Иванов.
Никој не зборува за изневерените очекувања од ДПМНЕ кои со големи очекувања дојдоа на власт во 2021 година во најголем дел од општитните. Освен во една или две, во сите општини владее хаос и катастрофа и сега тоа го занемаруваме и веруваме дека ДПМНЕ ќе донесе нешто подобро?, рече Маричиќ.
Ние ќе се погрижиме правецот на државата да остане вистински, да ги подобриме нашите маани и недостатоци и дека нема да има потреба нашите граѓани да се плашат каде ќе оди државата, дали ќе не биде или не, дали ќе има меѓуетнички тензии, дали повторно ќе се отвораат овие прашања. Ние не сме биде идеална политичка гарнитура, но имаше едни турбулентни години во кои сите тешки прашања беа одеднаш на масата и имаше кризи како ковид кризата и украинската криза и претходно. Се согласувам дека сме можеле некои работи подобро да ги напрвиме, меѓутоа ако имаме шанса во третиот мандат да се посветиме на борбата против корупцијата повеќе и подобро, да се посветиме на инфраструктурните проекти поревносно, да се посветиме на затворање на веќе запонатите преговори мислам дека поинаку ќе изгледа Македонија во 2028 година, отколку ако дојдеме во некаква обнова, преродба која што ја ветуваат, а која ги опустоши макеонските општитни, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, во емисијата 360 на МТВ.