Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ковачевски има одлична комуникација со Заев, како и со сите претходни претседатели, сите кои го гледаат СДСМ како свој политички дом

„Поранешниот претседател на СДСМ, Заев повеќе пати јавно демонстрираше подршка на претседателот Ковачевски, на заеднички средби и присуство на настани, и сите поранешни лидери тоа треба да го следат како пример. Неговото политичко наследство и сето она што го прави во овој период укажува на тоа дека дава целосна подршка на партијата и нивните односи се одлучни,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1,за комуникацијата на Заев-Ковачевски.

Тој посочи дека важно е, а и дека Ковачевски има комуникација и со другите претходни лидери на партијата, затоа што важно е да се вградат сега во овој процес пред изборите но, и не само сега и воопшто, со Шекеринска, Спасовски, Бучковски, Црвенковски, сите кои го гледаат СДСМ како свој политички дом.
Маричиќ во врска со тоа дали чувствува СДСМ вознемиреност од ЗНАМ на Максим Димитриевски рече дека нема такво нешто, како и дека не се исклучени разговори и соработка со ниту една партија, особено во вториот круг. Важно е, рече Маричиќ, да знаеме на кои принципиелни позиции стоиме, а СДСМ јасно ги има дефинирано и не се плаши од ниту една друга политичка партија.

Маричиќ потврди дека Ковачевски секако ќе биде носител на листа за ИЕ, а потврди дека и тој истакнал кандидатура за пратеник , како и дека не е исклучено ни Венко Филипче да учествува на било која точка наредниот период, истакнувајќи дека е активен во партијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски очекува 130.000 гласови за Орце

ДЕСК

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК