16. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Кога ќе влезеш во еден погон за работа, доколку те пречекаат насмевки се работи за компанија со задоволни вработени

Дополнителната заменичка министерка, Јованка Тренчевска денес заедно со директорката за Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска ја посетија текстилната компанија „Албатрос“ управувана токму од жени. Конфекцијата според извештаите на ДИТ е без ниту една претставка во изминатиот период.

Тренчевска посетата на компанијата ја реализираше во склоп на почеток на низата активности по повод Меѓународниот ден на жената, 8ми март – „Ти не си тоа што ти кажуваат да бидеш“. Целта на активностите е да се охрабрат што повеќе жени да се вклучуваат на пазарот на трудот и да бидат економски независни.

По посетата на погонот министерката се средна со неколку вработени со цел согледување на нивното мислење во однос на висината на минималната плата и како тоа влијае на нивниот работен однос. Воедно министерката ги охрабруваше да зборуваат за нивните предлози за како тоа можат да се подобрат условите за работа и што е тоа што треба да се променува на пазарот на трудот.