Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Демири на средба со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од претседателот на оваа организација Бехиџудин Шехапи.

На средбата, се разговараше за можната соработка во јавното здравство со цел подобрување на здравјето на граѓаните и условите во кои работат здравствените работници.

Претседателот на „Ел Хилал“ Шехапи му посака успешен мандат на министерот Демири и му подари книга од хуманитарната организација за 30 години поддршка на економско загрозените граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

ДЕСК

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

ДЕСК

Шестмина воделе четири телиња преку граница – Откако полицијата ги забележала тие побегнале, а телињата останале на македонска територија

ДЕСК