Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Она што го нуди опозицијата е откажување од својата иднина, ДПМНЕ нуди концепт со кој граѓаните ќе бидат против иднината

„Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина. Она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од својата иднина. ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат на граѓаните им предлагаат концепт со кој ќе бидат против својата иднина“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27. конгрес на партијата.

Тој додаде дека тие прокламираат загрозување на државата, излегување од стабилноста и процесите и состојба на континуирана криза.

„Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е да се погледне што се случи во Скопје и во општините. ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, нема ништо подобро, нема проекти, нема јавен превоз, нема ништо добро, според нивните зборови, само катастрофа. Тоа е пример што значи кога ДПМНЕ ќе добие власт“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никакви промени и тие со нивниот кандидат за претседател нема да донесат ЕУ ниту за 100 години од денес.

Можеби ќе ве интересира

Турски државјанин со скапоцено “bmw 5” удрил во контејнери и автомобил во Скопје, па побегнал од местото, но полицијата му го “нашла крајот”

ДЕСК

Ужас на “Ленинова” – Со “хјундаи” удрил во полицаец кој веднаш е пренесен во градска

ДЕСК

Гореше автомобил со скопски таблички – нов случај на опожарено возило на подрачјето на Аеродром

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.