Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев: Досега пристигнаа 295.000 обрасци за пасоши во рок од еден месец

ФБ статус на Митко Бојмацалиев, МВР:

Почитувани граѓани,

Би сакал да ве информирам, како што најавив при посетата на СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден во Републила Северна Македонија пристигнаа 165.000 обрасци за лични карти и 85.000 обрасци за пасоши, а денеска по завршувањето на сите формално-правни процедури, истите се предадени во МВР.

Досега пристигнаа 295.000 обрасци за пасоши во рок од еден месец – на денот на примопредавањето на мандатот во МВР стигнаа 50.000 обрасци, подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, и денешните 85.000 обрасци.

Вкупно досега пристигнати се 1.734.000 обрасци.

Уште еднаш потенцирам дека нема никаква саботажа или хаос во Министерството за внатрешни работи. Процесот на промена на лични документи се одвива непречено, МВР ги создаде сите услови.

„МВР за ГРАЃАНИТЕ” 🇲🇰
Напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.