15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Скандалозно, ВМРО најавува камшикување на граѓаните поради првиот премиер Албанец

Интегрален текст од соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува денешната најава на ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска за камшикување на гласачите и избирачите во нашата земја.

Уште пред да бидат дел од листата на кандидати за Претседател, ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска во излив на жална искреност најавија “вмровски камшици” за сите кои што не размислуваат како нив.

Албанец премиер е реалност, а реалност ќе биде и изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтерово мнозинство.

2/3 мнозинство обезбедува општествен, надпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието.

Додека Бадинтеровото мнозинство обезбедува и етнички консензус за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии.

ВМРО- ДПМНЕ и губитничката, Гордана Силјановска и денес не се оградија од Русија и не се построија кон Европа.

Затоа, граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најстабилната партија при што ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион.