28.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Мицкоски вети 18.000, СДСМ оствари 22.500 денари минимална плата

„Во 2020 ДПМНЕ ветија минимална плата до 2024 година ќе стигне 18000 денари. Со добрите системски решенија на СДСМ во 2024 година минималната плата е 22500“ напиша дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска на социјалните мрежи.

Таа сподели споредби од ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во 2020 година, дека доколку се власт минималната плата ќе се искачи на 18 илјади денари до крајот на мандатот, а денес сепак Владата на СДСМ минималната плата ја искачи на 22.500 денари.

„За што и за кого ќе гласаш? За повисока плата или за Христијан од Белата палата?“ стои на објавата на Тренчевска.