Каде го чувате млекото? Повеќето луѓе го чуваат млекото во вратата на фрижидерот, што според експертите за безбедност на храната е најлошото место во фрижидерот за да го чувате.
Рокот на траење на млекото може да се продолжи доколку правилно го чувате. Ова го намалува отпадот, но и гарантира дека нема да морате толку често да купувате свежо млеко – изјави Кларк.
Таа ги советува луѓето да не го чуваат млекото, како и било кој друг млечен производ на вратата од фрижидерот, бидејќи се најдалеку од системот за ладење.
– Млечните производи секогаш треба да се чуваат во задниот дел од фрижидерот каде што температурата е најниска. Ова осигурува дека вашата храна има максимален рок на траење – додаде Кларк. М
Млекото може да го задржи својот квалитет и до пет дена подолго од рокот на траење напишан на пакувањето, во зависност од количината на маснотии во него.
Млекото со низок процент на маснотии може да го надмине рокот на траење за седум до 10 дена, додека млекото со поголема маснотија може да трае од пет до седум дена. Расипаното млеко може да го препознаете по тоа што има грутки и кисело мирис.