23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Странските инвестиции за седум години Влада на СДСМ повеќе отколку во 11 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Вкупниот проток на странски директни инвестиции за 2023 година, според Народната банка, изнесува 616,72 милиони евра, со што изминатата година е втора најдобра година за странските инвестиции во историјата.

Доколку се погледнат податоците низ години, од 2006 до 2016 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вкупните странски директни инвестиции достигнаа 3.024,25 милиони евра или во просек 274,93 милиони евра годишно.

За споредба, во перидоот од 2017 до 2023 година, по доаѓањето на власт на СДСМ, вкупниот проток на странски директни инвестиции е 3.237,03 милиони евра или во просек околу 462,43 милиони евра за секоја од последните седум години.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ги сподели овие информации на социјалните мрежи и додаде дека потребни се дела, а не зборови.