26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Додека некој се занимава со црн петок, вештерки и пророштва, некој носи странски инвестиции

„Додека некој се занимава со црниот петок, вештерки и слични пророштва, денеска се објавени официјалните податоци за странските директни инвестиции во Република Северна Македонија за цела 2023 година. Според Народната банка, вкупниот проток на СДИ за 2023 година изнесува 616,72 милиони евра“ напиша вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Ваквата бројка ја става 2023 година како втора најуспешна година за странските инвестиции по 2022, кога тие достигнаа 753,82 милиони евра.

Доколку се погледнат податоците низ години, од 2006 до 2016 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вкупните странски директни инвестиции достигнаа 3.024,25 милиони евра или во просек 274,93 милиони евра годишно.

За споредба, во перидоот од 2017 до 2023 година, по доаѓањето на власт на СДСМ, вкупниот проток на странски директни инвестиции е 3.237,03 милиони евра или во просек околу 462,43 милиони евра за секоја од последните седум години.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ги сподели овие информации на социјалните мрежи и додаде дека потребни се дела, а не зборови.