25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дополнителниот министер за информатичко општество во посета на Кочани

Денес во Општина Кочани, Дополнителниот заменик министер на министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, имаше средба со градоначалникот Љупчо Папазов, преставници на локалната администрацијата и вработени во МИОА кои се од источниот регион. Начнати беа два аспекти , првиот е градење на достоинствена јавна администрација и вториот аспект, а тоа е дигитализацијата.

Андоновски од Кочани денес најави проект од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори во мај 2024 година.

“Сите службени возила на државните институции ќе бидат означени со регистарски ознаки во различна боја за нивно препознавање. На тој начин, секој граѓанин ќе може да забележи дали некое службено возило се користи надвор од работното време или спротивно на службените потреби.
Ќе се предвиди обврска за создавање на регистар на службени возила во сопственост на државните и јавни институции.”, истакна Андоновски.

Со овој проект ќе се стави крај на безредието кое што во минатото се злоупотребувало, потенцираше Андоновски.

На новинарско прашање поврзано со АВМУ, Андоновски истакна дека државата сама создава апсурди.

“Апсурдна е ситуацијата каде што државата да се тужи сама себе, каде што ќар имаат адвокати, нотари, извршители, а губиток имаат граѓаните. Ваквите апсурди мора да станат минато.” , поентираше Андоновски.