19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани, во контакт со луѓето

„Актуелниот претседател Стево Пендаровски покажа дека е кандидат кој е претседател на сите граѓани во државата. Докажа дека е близок и комуницира со граѓаните. Посетува занаетчии, граѓански институции, покажа дека секојдневно е во контакт со луѓето, и дека е произлезен од народот. Личноста на претседателот, колку тој е авторитетен меѓу граѓаните дава додадена вредност покрај тоа што е поддржан од одредена структура“, изјави пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева во „Студио 10“ на 24 Телевизија.

Таа додаде дека Пендаровски изминатите години се покажа дека е личност со кредибилитет, авторитет, личност која е отворена.

Пратеничката рече дека СДСМ е партија која има огромен број на коалициони партнери, традиционални и нови и дека тоа е нешто што опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го нема затоа што функционираат во затворен круг без пријатели.

„ВМРО-ДПМНЕ 10 години имаше власт не реализираше попис. Има еден куп закони и мерки кои во нашата програма во 2020 година и можам дека кажам дека тие се реализирани. На пр. Недела неработен ден, МојДДВ, стечајни работници, социјална пензија, пензионирање на поголема возраст, 82 детски градинки, образовни асистенти за кои беше блокиран законот, субвенциониран студентски оброк“ заклучи Колева.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК