24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 1 691 повици на 112, а имало вкупно 11 пожари на отворено и сите се изгаснати и имало еден почувствуван земјотрес, во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 691 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,41%, а 55,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,98%, кон Итната медицинска помош 33,19%, а кон пожарникарите 7,98% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, со другите што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 753 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Имало вкупно 11 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Штип за шест, а РЦУК Велес и РЦУК Куманово информираат за по еден пријавен и изгаснат пожар на отворено.

Инаку, вчера во 23 часот и 37 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓал 127 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија. што е почувствуван во југозападниот дел од дражавата, најмногу во Дебар и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи