13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цената на оваа намирница вртоглаво расте

Цената на маслиновото масло во Европската унија се зголеми за 50 отсто во јануари во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

Маслиновото масло во Европската унија нагло порасна во втората половина на 2023 година, а цените во август 2023 година беа за 37 отсто повисоки во споредба со истиот месец во 2022 година.

Трендот на пораст на цените продолжи и во септември 2023 година со раст од 44 отсто на годишно ниво на маслиново масло, како и 50 отсто во октомври, 51 отсто во ноември и 47 отсто во декември.

Во јануари годинава годишен пораст на цената на маслиновото масло е забележан во сите земји од Европската унија, а најизразен е во Португалија, за 69 отсто, Грција за 67 отсто и Шпанија за 63 отсто.

Најмалку цените на маслиновото масло пораснале во Романија, за 13 отсто на годишно ниво, во Ирска за 16 отсто и во Холандија за 18 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ИНОВА И ССК со ново партнерство кон зајакнување на македонскиот еко систем

ДЕСК

Добра вест: Поевтинуваат горивата

ДЕСК

Објавена листа на должници со имиња на фирми и луѓе – кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.