1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

238 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

МОН објави два повика за ангажирање на ромски образовни медијатори – за првпат и во средно образование

ДЕСК

Мицкоски: Реконструирана Клиниката за уво, нос и грло, европски услови со опрема која е реткост во регионот

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

ДЕСК