25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Акцискиот план за малциски права ќе биде договорен со Бугарија пред изгласувањето на уставните измени

„Во Брисел е пратена претфинална веријза на акцискиот план, таа не е конечна. За сите други документи, како трите патокази направивме јавна расправа и консултации, за акцискиот план не. Сакавме да го врземе тој процес со јавната расправа за уставните измени,. Тој пристап дека тоа ќе биде некое дополнително условување од Бугарија да го отфрлиме. Во тој документ не би прифатиле ништо повеќе од тоа шт ое стандардно за сите етнички заедници, пред се кои се помалку од 20 отсто и таму ќе се најдат серија мерки за заштита на сите заедници поеднакво“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека има размена на мислења со Европската комисија, а по почетокот на јавната расправа за уставните амандмани ќе се направи консултација и за акцискиот план.

„Наша цел е да биде усогласен и потврден со Бугарија пред второто гласање за уставните измени“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека време е опозицијата да заземе посериозен став кон прашањата за стратешките интереси на државата, не поради СДСМ или Владата, туку поради граѓаните.