25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ацевски: СДСМ е со став дека претседателот на државата треба се бира на непосредни избори

Наши идеи и конкретни ставови се членство во ЕУ до 2030 година и тоа преку уставни измени со внесување на Бугарите во преамбулата на уставот, со што де факто ќе се разбие тезата што ја има бугарската државаа за еден народ во две држави и тоа е во прилог на заштита на македонскиот идентиет, истакна членот на ИО на СДСМ Кристијан Ацевски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Ацевски додаде дека и движењето ЗНАМ треба конкретно да каже кои конкретни потези ќе ги преземе во однос на евроинтеграциите, со кои идеи ќе го оствари реципроцитетот за кој зборува.

По изгласување на францускиот, односно европскиот предлог отпочна скринготот, се потпиша договорот Фронтекс на македонски јазик, заштитен е македонскиот јазик и идентитет, македонскиот јазик е официјален јазик во ЕУ. Она што ЗНАМ се обидува да го внесе како мантра меѓу граѓаните не држи, рече Ацевски, додавајќи дека ЗНАМ е во коалиција со ДПМНЕ, со истите кои ги исфрлија од Парламентот и не може да се каже дека ЗНАМ е во коалиција со граѓаните.

Во врска со предлогот за избор на претседател на државата, Ацевски истакна дека СДСМ е со став дека претседателот на државата треба се бира на непосредни избори.
Ако тргнеме од тоа дека СДСМ и својот претседател го бира внатрепартиски на непосредни избори меѓу членството како врвен чин на партиска демократија, кога зборуваме за претседател на држава тоа не треба да дојде под знак прашање, пред се бидејќи претседателот треба да е надпартиска личност, која ќе ги обедини сите граѓаните, рече Ацевски, додавајќи дека и во 2019 година имаше таков предлог од ДУИ, кој и тогаш не беше прифатен од СДСМ.

За жал поради случувањата во опозицијата ќе зборуваме за тоа кој е поголем Македонец или Албанец, наместо да зборуваме за европски вредности. Со членство во ЕУ до 2030 на заедничка маса како рамноправни ќе дискутираме за сите отворени прашања, порача членот на ИО на СДСМ Кристијан Ацевски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.