21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почна постапката за собирање потписи за листи на кандидат за Претседател на државата

Денеска, започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Северна Македонија.

Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 до 20:00 часот, вклучително и во деновите, сабота и недела и празници.

Постапката за собирање на потписи ќе трае до 8 март до 24:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Вицепремиерот Николоски оставри средба со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ

ДЕСК

Османи ја активира „Градежна стража“ – механизам против урбаниот хаос во Чаир

ДЕСК

Истрага против лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

ДЕСК