14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ целосно го заглавува процесот на издавање пасоши и ги манипулира граѓаните

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.

ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.

ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.

ДПМНЕ не може да испорача решение и создава дополнителен хаос со издавањето пасоши.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.