15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши со амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир

Денес, 16.02.2024 година министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир.

Министерот Тошковски најави интензивирање на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји и секако интензивирање на соработката и комуникацијата со амбасадата на Украина во областа на безбедноста.

На средбата министерот Тошковски изрази безрезервна поддршка на Украина за целокупната состојба во која се наоѓа земјата.

Во однос на сите барања од страна на Амбасадата на Украина за техничко-материјална поддршка и помош, министерот Тошковски истакна дека стои на располагање со најава дека ќе се излезе во пресрет за се што е потребно во таа насока.

Амбасадорката Дир се заблагодари за досегашната успешна соработка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Воедно, побара поддршка и помош за издавање на лични карти за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат тука согласно Одлука на Владата од 25.07.2023 година за давање привремена заштита на лица од Украина.