Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еве зошто мора налепниците НМК да ги набавите само во станиците за технички преглед, а не да ги купувате

– Граѓаните при подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да отидат со сообраќајна дозвола и со возилото, при што налепницата ќе им ја залепи вработен од станицата за технички преглед и за истото се води посебна евиденција при што Вашето возило ќе биде евидентирано дека поседува налепница со ознака НМК, велат од МВР.

– Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Воедно ги информираме граѓаните дека со новите измени, налепниците не се задолжителни за територијата на РСМ до 31.12.2024 година, но истите се задолжителни за патување во странство. Дополнително ги информираме граѓаните дека налепниците се бесплатни, односно се на товар на Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението на полицијата.

Претходно се појавија информации дека на социјалните мрежи се продаваат налепници со НМК по цена од 50 денари.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Републиката

ДЕСК