Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи во Топ Тема: Направивме договор со кој обезбедуваме поевтина струја за граѓаните

„Со договорот за стратешката инвестиција на Митилинеос за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој обезбедуваме поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години“, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Битиќи истакна дека енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни инвестиции, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи.
„Нема да бидеме повеќе зависни од гас, струја, и не треба воопшто да се плашиме. Нашата долгорочна стратегија е да имаме доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и државата“, рече Битиќи и посочи дека со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија.

„Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510GW, а моментално се произведува 275GW, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје, со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град“, рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.