27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Налепници „НМК“ се продаваат на интернет за 50 денари

Налепници „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари.

Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.

Претходно, Министерството за внатрешни работи oдлучи налепниците со ознаката НМК да бидат на товар на МВР.

„Налепниците ќе бидат бесплатни за граѓаните и ќе треба да се залепат на регистарските таблици“, објави Министерството минатата недела.

Станиците за технички преглед деновиве се преполни.

Можеби ќе ве интересира

Македонија изумира: За три месеци повеќе умреле, отколку што се родиле

ДЕСК

Филипче: Економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е најлошата во историјата

ДЕСК

Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација, Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

ДЕСК