23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од Брисел: Европската иднина е единствена опција за просперитетот на нашата држава

Во рамки на официјалната посета во Брисел првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ оствари планирани средби со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Марко Маковец заменикот на Генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика, и другите значајни засегнати страни.

На средбите Маричиќ ја подвлече вредноста на поддршката од европските институции во преговарачкиот процес, истакнувајќи ја силната посветеност за унапредување на државата кон ЕУ. Тој изрази оптимизам, изјавувајќи: „Наша цел е остварувањето на стратешката цел, посветеноста на Владата е фокусирана на европската агенда како единствена опција за иднината на нашата земја.

На состаноците се дискутираше за понатамошните чекори, сеопфатни реформи кои се во тек во Северна Македонија, особено во областите како што се владеењето на правото, демократските институции и реформите на јавната администрација, односно патоказите кои се основа за отворање на Кластерот Темели и Планот за раст како алатка со која стратешки ќе се планираат истите. .

Европската Комисија има јасна визија за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан и таа цел е високо на агендата на ЕУ. Наше е да продолжиме да го трасираме патот кон ЕУ преку реализацијата на реформите, донесувањето на уставните измени и промоција на демократските вредности.

Денешните пораки од средбата со Марко Маковец заменикот на Генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика, се јасна поддршка за постигнатите резултати и успешно завршените задачи на патот кон евро интеграција.