24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ГРОМ: Ништо од слоганот „Никогаш северна, само Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум, и тоа во техничка влада

„Граѓанската опција за Македонија ГРОМ со чудење ги гледа настапите и активностите на новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Чудењето доаѓа оттаму што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од 2019 година па наваму постојано зборуваа дека ќе го вратат уставното име“, велат од ГРОМ.

„Најмалку што очекувавме е министерот да ги затвори шалтерите во МВР за издавање на лични документи и да каже: „Нема Северна Македонија! ВМРО ДПМНЕ за три месеци доаѓа на власт и ќе го врати уставното име.“

Напротив, тој уште не преспал, дојде со однапред подготвена стратегија како најбрзо да не претвори во северџани. Ништо од слоганот „Никогаш северна, само Македонија“! За жал, ВМРО ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум и тоа во техничка влада. Петгодишната лага и замајување на македонскиот народ излезе на виделина.

Ако по утрото се познава денот, исто вака ќе не изманипулираат за наводното репреговарање на француско-бугарскиот договор. Целта ги оправдува средствата. Во конкретниот случај, целта е „на врат, на нос“ да се дојде на власт преку добро познатото средство кое се вика лага иманентна за Мицкоски и неговата дружина од „Белата палата“.

Наместо борба за уставното име и да се зачуваат пасошите со Република Македонија, Тошковски направи формална средба со грчката амбасадорка, излижа каде што плукала цела партија и побрза што е можно повеќе Македонци да претвори во северџани.

Еден поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој многу работеше, а малку лажеше, викаше: „Вистината е како шило. Врти, врти, врти и ќе излезе на површина!“, се додава во соопштението на ГРОМ.