24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

До 30.000 денари: Оваа општина дели субвенции за набавка на клима уред

Соопштение на Општина Гази Баба
Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди!

Почитувани граѓани,

Ве информирамe дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Oпштина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди.

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година.

Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година од денот на објавување на овој јавен повик.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства.
Ги повикувамe граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат.

Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-nadomestuvanje-na…/