24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Мицкоски по навика против фотоволтаичниот парк во Штип, иако градоначалникот смета дека тој ќе значи многу за неговата општина

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов со нетрпение ја чека изградбата на фотоволтаичниот парк „Стипион“ во Штип, но лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски е против се што значи напредок и развој во државата, пишува „24 инфо“.

„За кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енегретскиот сектор во Македонија во општина Штип, а тоа е француската инвестиција во изградба на Соларниот Парк-Стипион од страна на француската компанија „Акио“ која се простира практично на општина Штип и ќе значи за нас многу како град, пред се за зголемување на енергетскиот потенцијал во време на енегретска криза но и за сите предизвици кои ни претстојат“ изјави градоначалникот на Штип Иван Јорданов во октомври минатата година по средбата со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Според Мицкоски пак, ваквата инвестиција ќе имало неговативно влијание и било злодело на Владата.

-Еве ако е толку паметно ова што го направила Владата, јас веднаш ќе кажам се ова што го зборувам досега го повлекувам, под истите услови нека даде француската Влада во Нормандија македонска инвестиција. Но, под истите услови. Ама ако е толку добро ова за Македонија, да направиме и ние Македонците нешто добро за Франција“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на дебата Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ која се одржа во Велес.

Мнозинството пратениците дадоа зелено светло сите четири предлог- закони за стратешките инвестициски проекти да се донесат по скратена постапка. Со 58 гласа „ЗА“ и 31 пратеник кои гласаа „ПРОТИВ“ законите го помина првиот собраниски филтер.

Вкупната предвидена вредност на четирите стратешки инвестиции е 786 милиони евра. Само онаа за изградба на ветерниот парк „Стипион“ на локацијата на неизградениот карго аеродром во Штип, ќе обезбеди 10 отсто од потребите за струја на државата. Компанијата инвеститор АКИО се грижела да не нанесе штета на земјоделците и се откажала од 160 хектари земјиште, а се преговара за уште 10 хектари плодно земјиште, кое не е приватно, туку го користат земјоделците од тој крај.