Министерството за внатрешни работи се огласи околу возачките дозволи со старото име.
-Ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, велат од МВР.
– Полицијата ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.
Ова значи дека доколку направите сообраќајка, а немате валидна возачка дозвола, штетата нема да ја покрие осигурувањето, туку самите вие.