15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Станкоски: Потсекторската група ќе разговара за менување на Законот за тутун, начинот на договарање, откупот, либерализацијата и извоз

„На 19, 20 февруари потсекторска група во проширен состав, во Министерството за земјоделие ќе одржи состанок и ќе се размислува околу нови моменти, околу начинот на договарање, начинот на откуп, либерализација на откупот на тутун, производството на тутун па можеби како новост да излезе и слободен извоз на тутун“ рече Јане Станкоски од Земјоделскиот инспекторат.

Тој додаде дека потребно е да се разговара за сегашниот Закон за тутун, за регулативата, подзаконските акти и да се размислува за нов закон или менување на одредени делови од постојниот.

„Се надевам дека тутунарите се задоволни. Би требало да се, затоа што сепак е некоја цена постигната, тие бараа многу повисока цена, фирмата даваа пониска. Но, мислам дека се најде едно решение кое што би требало да бидат задоволни сите страни и останува да се мисли за следната реколта. Оваа реколта е завршена работа“ рече Станкоски.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

ДЕСК

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

ДЕСК

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.