„Можам да изјавам дека успеавме сите откупни претпријатија доставија анекси до инспекторатот, до сојузот на земјоделци, така што пораката до тутунарите е да бидат слободни, сигурно дека цел откупен тутун и досега ќе се плати по 365 денари и остатокот со анекси потпишани, ќе можат да си го предадат и да заврши оваа откупна реколта“ изјави директорот на Земјоделскиот инспекторат, Јане Станкоски.
Тој додаде дека субвенциите за тутунарите по закон се 80 денари, но Владата и премиерот најавија дека целиот тутун ќе се исплати по повисока субвенција, со што конечната сума ќе достигне над 460 денари.
„Се надевам дека тутунарите се задоволни. Би требало да се, затоа што сепак е некоја цена постигната, тие бараа многу повисока цена, фирмата даваа пониска. Но, мислам дека се најде едно решение кое што би требало да бидат задоволни сите страни и останува да се мисли за следната реколта. Оваа реколта е завршена работа“ рече Станкоски.
Тој додаде дека на 19 и 20 февруари подсекторска група во проширен состав во Министерството за земјоделе ќе има состанок на која ќе се разговара за новите моменти, начинот на договорање, начинот на откуп, либерализација на откупот на тутун, производството, а може како новост да излезе и слободен извоз на тутунот.