24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработена на Психијатрија снимала пациентка и го објавила видеото, ќе одговара за две кривични дела

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 47-годишна жена од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и неовластено снимање.

На 28.11.2023, пријавената, вработена како хигиеничарка во клиничката болница на одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видеоснимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката.